Искуства од Визија
Ви ги прикажуваме нашите искуства од визијата...
Време: Попладне 25.02.2006 год. – сабота
Место: Автобус
Ситуација: Ученици и наставници весели, по малку уморни, но многу распеани и разговорливи. На патот на назад кон Куманово, разговор за импресиите од хепенингот во Скопје. Во фазата визија учествуваа 10 училишта од Македонија вклучени во проектот “Училишни мрежи, заедници за мултикултурален развој“ со гости од Србија и Црна Гора и Португалија…
Јас: Никогаш немам доживеано ваков настан, оригинален и креативен, кај сите се чувствуваше воодушевување и полетност, децата се однесуваа како возрасни а возрасните како деца…
Координаторот: Како можеш да доживееш ваков настан порано? Сите заедно бевме вклучени во разни работилници за В И З И Ј А…
Валентина
Визијата води напред. Кој нема способност да фантазира и да се одлепи од реалноста е посиромашен за едно возбудливо искуство на творење. Децата без исклучок ја имаат таа дарба. И тоа треба да се негува кај нив. Ние возрасните сме должни да им обезбедиме простор, услови и атмосфера да можат непречено да ја негуваат таа своја страна и да израснат во креативни и визионерски млади луѓе кои ќе бидат оспособени успешно да ја менуваат својата средина.
Методологијата на проектот широко ја нуди таа можност а се покажа и на дело многу пати, па и на 25.02.2006 год. во мултимедијалниот центар во Скопје. Присуствувавме на голем хепенинг организиран во 10 работилници на кои учествуваа сите училишта кои се учесници во проектот, но имаше и гости од Косово, Белград, Португалија.
На децата и наставниците им беше овозможено креативно да се изразат низ: збор, музика, движење, сликање (на бело платно, хартија, на мајци, сопственото лице), моделирање во тесто, глума, компјутерска техологија, изработка на картици со пораки, изработка на инструменти и спортски реквизити од картон и сл. Сето тоа беше пропратено со многу дружење помеѓу децата и помеѓу возрасните.
Моето задоволство е повеќекратно: лично, задоволство на сите мои ученици од двете училишта, како и на моите колешки затоа што поминавме низ многу интересно искуство.
Надица
Бев распоредена со уште една наша ученичка во работилница која ќе работи на темата “Бело Платно“. Во работилницата со нас беа и училишта од Битола, Скопје, Тетово гостите од Косово и Призрен. Работилницата ја водеа двајца гости од Белград: Јасмина и Благоја.
На необичен пријатен и интересен начин сето тоа го покажаа и не водеа во работата. Темата беше платно – бело, да го искажеме нашето видување, визијата – на што не асоцира бело платно: прво – кажувајќи си го името со движења и платното и телото, што можеме и сакаме да направиме од тоа платно.
Сите од групата имаа свои визии а потоа ги повржавме во една и сето тоа што го замисливме го прикажавме на едно долго широко платно, со игла, конец, траки бои.
Целината кажуваше живот, природа, цвеќе, реки, деца, куќи стадион, срца, сонца, галеби.
Преку движење на платното по ритамот од етно музиката тоа го искажувавме со покрети, протнувања, вртења, дигање и спуштања на самото платно фатени сите за него.
Така движејќи се се споивме со работилницата на тема “Ритам“ – кои со помош на покрети и удари ни даваа ритам со своите инструменти. Потоа заедно отидовме до другите работилници и сите го кажуваа она што го замислиле за комуникацијата меѓу себе – преку збор, пораки, спорт, слика и музика.
Добивме една убава и пријатна целина која ја кажуваше основната комуникација меѓу луѓето, музика, ритам, слика, збор, творење – заедничко на сите луѓе. Бев навистина изненадена и воодушевена од сработеното – од визијата на сите млади ученици од десетте училишта – членови на овој проект.
Деса
Здраво,
Јас сум Антоновска Драгана од IV3 одд. Јас одам на проект за и стражување на спорт. Мене ме избраа да одам во Скопје, во мултимедијалниот центар кој се вика “Мала Станица“. И таму се паднав во група за спорт. Спортот го изработуваа децата и луѓето на кои им се падна коверт со виолетова боја. Таму беше забавно и прекрасно. Едни цртаа, други пишуваа реченици, трети составуваа реченици од зборчиња. Сите ние добивме купонче за сендвич и две купончиња за сок. Исто така во тој објект имаше многу слики од поранешниот претседател Борис Трајковски. Ова нема никогаш да го заборавам.
Драгана
Ние кога отидовме во Скопје, влеговме во една зграда која се вика “Мала Станица“. Потоа на влезот на вратата ни поделија картички со разни бои. Секоја боја означуваше активност, така што на мене ми се падна портокаловата боја која го означуваше катчето по музика. Заедно со организаторите на нашето катче Владо и Јаника, игравме многу интересни игри, свиревме на разни инструменти и направивме многу интересна мелодија.
Потоа имавме кратка пауза за ручек. Откако се вративме од ручекот, сите заедно од нашето катче направивме хепенинг пред публиката со нашата мелодија. Пред публиката исто така настапија и учениците од другите катчиња.
По долго другарување дојде време да се разделиме. На пат кон дома пеевме песни и така си пристигнавме дома.
Ова за мене беше многу радосен ден.
Мелани
На ден 25.02.2006 год. ние неколку деца од проектот отидовме во Скопје на фазата Визија. Таму си поминавме супер.
Оваа приредба се одржуваше во мултимедијалниот центар “Мала Станица“, кој беше многу убаво уреден. Бевме поделени на неколку групи, а јас бев во групата за правење на пораки. Правевме честитки со пораки и беше многу интересно, а кога дојде време за ручек не почестија со сендвич и сок. Кога завршивме со јадењето направивме хепенинг и си поминавме многу убаво.
Јулијана
Кога пристигнавме во мултимедијалниот центар “Мала Станица“ од една кесичка влечевме картички во нашите омилени бои. Потоа се качивме на спратот каде што беа просториите за работа и бевме поделени во групи по бојата на картичката. Тогаш си отидовме секој во своите групи. Јас бев во групата “Збор“ каде што главната тема ни беше “Унапредување на комуникација помеѓу деца од различни националности“. Нашите инструктори беше Надица од Скопје и Јелена од Белград. Во групата имаше десетина деца од Тетово, Битола, Кавадарци, Кочани и др. Исто така имавме и гости од Португалија кои учествуваа во работата. Јас честопати им преведував бидејќи тие не го разбираа македонскиот јазик. Бевме поделени во три подгрупи. На мојата група и беше даден хамер на кој имаше само еден збор – КОМУНИКАЦИЈА од кој ние требавме да издвоиме повеќе зборови за да на крајот добиеме еден збор и од тие зборови да составиме реченици. Јас и Николче од Битола составивме многу интересни реченици. Тоа беа следниве:
Срце мое, денес е празник за нас. Ајде да зборуваме и да возиме точак на едно тркало. Па ќе те водам кај свекрва ти да пиете кафе за да не правите сметка на телефон кога ја оговарате комшивката. За да не ме стори дечко и перница кога сум во длабок сон во пижама парти.
Ако сакаш да имаш љубов – комуницирај.
Никола
Фазата Визија помина во најдобар ред. Кога стигнавме во мултимедијалниот целнтар “Мала Станица“ сите ученици влечеа картички во разни бои преку кои подоцна не распоредуваа во групи. Јас бев во групата на “Бело Платно“ со учителката Деса и уште десетина ученици од разни градови: Скопје, Битола, Кавадарци, Тетово и др. Инструктори ни беа гости од Белград: Јасмина и Благоја. Имавме и гостинка – Јасмина од Косово која заедно со нас учествуваше во работилницата. Најпрвин преку интересни игри се запознавме. Потоа Јасмина и Благоја со асистентите Катерина и Кадрије ни поделија бели платна со кои најпрвин правевме фигури на кои се досетивме кога прв пат го видовме платното. Јас направив срце со желба за љубов помеѓу нас. Потоа распостелавме едно големо платно и на него сошивме разни фигури. Придружувани од етно музика игравме носејќи го платното низ целата просторија. Тогаш отидовме на ручек. Кога се вративме сеспоивме со групата “Ритам“ кои ја пратеа нашата музика со нивните инструменти и на крај тоа испадна прекрасна целина. Додека се приготвуваше салата за презентација ние имавме мал одмор на кој се дружевме со децата од останатите училишта. Ја завршивме работилницата презентирајќи ја нашата работа пред останатите групи и заинтересираните граѓани на Скопје. Откако тоа заврши ние се вративме дома.
Андријана